Бугарската донација од над 50 илјади вакцини стигна, треба да се искористат до крајот на септември

Во Македонија вчера стигнале над 50 илјади вакцини „Фајзер“, донација од Бугарија која одамна беше најавувана и, како што објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, подготвени се да се употребат.

„Вчера Северна Македонија ја прими донацијата од над 50.000 вакцини ‘Фајзер‘ од Бугарија. Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат. Важен гест на пријателство и солидарност“, напиша Османи на Твитер.

Бугарското Собрание ја одобри донацијата од над 50.000 вакцини за Македонија на 8 септември, а министерот за здравство на Бугарија, Стојчо Кацаров тогаш појасни дека донацијата требало да се изврши во јуни, но поради проблеми со процедурите тогаш тоа не било извршено. По објавата од бугарското Собрание, македонското министерство за здравство соопштија дека ќе бидат аплицирани далеку пред истекување на рокот на важност, односно за 5 до 7 дена по дистрибуцијата на пунктовите.

Се работи за вакцини чиј рок истекува на крајот на септември.

Во тогашната расправа во бугарското Собрание министерот Кацаров рече дека

ако не биде веднаш изгласана ратификација на донацијата, вакцините нема да можат да ѝ бидат дадени на Македонија, а „изборот е дали да ги уништиме или да ги подариме, затоа што на вакцините им истекува рокот до крајот на септември.

 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе