Бројот на ученици во учебната 2017/2018 помал за 0,9 проценти

На крајот на учебната 2017/2018 година бројот на учениците во редовните основни училишта бил 188.517, што е намалување за 0,9 проценти во однос на претходната учебна година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во редовните средни училишта на крајот на 2017/2018 година имало 70.861 ученик односно намалување за 2,2 отсто во однос на учебната 2016/2017 година.

ДЗС објави  податоци за бројот на ученици што завршиле основно и средно училиште според јазикот на кој се изведува наставата, за  успехот на учениците во редовните основни училишта, како и за бројот на ученици во специјалните и верските училишта. 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе