Бројот на починати од ковид-19 надмина 7.000

Во последните 24 часа од ковид-19 починаа уште 11 лица, а тројца пациенти кои се заведени како починати од ковид-19, се запишани со датум на смрт од 13.10.2021 до 19.10.2021 година. Досега во земјата се направени вкупно 1.354.533 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.646 бројката на оздравени пациенти е 185.660, на починати е 7.012, а бројот на активни случаи изнесува 5.974.

Во последните 24 часа направени се 3.073 тестирањe, а регистрирани се 490 нови случаи на ковид-19, а регистрирани се 201 оздравен пациент. 

Најмногу активни случаи има во Скопје и тоа 3.008, а најмалку во Демир Капија, односно само 1 случај на ковид-19. 

Деновиве започна и скринингот во училиштата каде се тестираат ученици од средните и основните училишта. За сега нема ниту еден позитивен ученик, односно не е детектиран ниту еден асимптоматски случај на ученик. 

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе