Болни од ковид сѐ повеќе, болнички кревети сѐ помалку

Бројот на пациенти во ковид-центрите надмина 1.400, во Скопје за еден ден примени 79 нови заболени

Бројката на хоспитализирани во ковид-центрите во државата достигна рекордни 1.427 лица, од кои во Скопје се 592, а во другите градови 835. Министерството за здравство вели дека има слободни 270 болнички кревети, а од нив во Скопје се 60.

Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа се хоспитализирани 79 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Од нив 24 приеми биле на Интерните и хируршки клиники, 16 во ГОБ 8 Септември, 7 на Инфективната клиника, 20 во болницата во Козле, а на Клиниката за детски болести биле примени 6 деца. Дома се пуштени 64 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 276 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 119 болни, на Клиниката за инфективни болести 133 пациенти, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 лица, на Клиниката за детски болести има 21 пациент, а на ГАК 7 пациентки.

Во болниците низ државата се лекуваат вкупно 835 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот од кои најмногу се во прилеп-120, а потоа во Куманово-116. Во болницата во Битола се хоспитализирани 86 пациенти со ковид-19, во Штип се хоспитализирани 60 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, а во Велес се лекуваат 71 пациент.

Во ковид-центарот во Охрид има 94 пациенти, во ковид-центарот во Гостивар 38, во Струга 12, во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 17, во Кичево 17, Кавадарци 73, а во Гевгелија 25 лица, позитивни и сомнителни на коронавирусот.

 

 

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе