Бројот на пациенти со ковид во болниците расте, денеска има вкупно 1.649

Во болниците низ државата секојдневно се зголемува бројот на пациенти и денеска според податоците од Министерството за здравство, хоспитализирани се вкупно 1.649 лица од кои 675 се во Скопје, а 974 во другите градови. Слободни има околу 260 болнички кревети.

Во скопските ковид-центри денеска се хоспитализирани 79 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а од нив 33 се примени на Интерните и хируршки клиники, 18 во ГОБ 8 Септември, 14 биле примени на Инфективната клиника, еден во Козле и 2 пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. Дома се пуштени 62 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 313 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациент, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, на Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид-19, а на ГАК има 11 позитивни пациентки. Од денес работи и ковид-центарот во Заводот за рехабилитација со капацитет од 38 кревети.

Што се однесува до болниците низ државата, и натаму најмногу пациенти има во Куманово-166, па во Прилеп-127. Во болницата во Битола се хоспитализирани 103 пациенти, во Штип има 63 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, а во Велес се лекуваат 84 болни. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 103 пациенти, во Гостивар 36, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 84 пациенти, во Кочани 33, во Кичево 21, Кавадарци 72, а во Гевгелија 21 лице.

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе