Бројот на новозаразени со ковид-19 намален, во Македонија засега не е регистриран сојот омикрон

Бројот на новозаразени со ковид-19 намален, во Македонија засега не е регистриран сојот омикрон. Македонија и дел од земјите на Западен Балкан бележат намалување на бројот на новозаразени од коронавирусот, а во земјава засега не е регистриран ниту еден случај на сојот омикрон. 

Според податоците од Министерството за здравство, и кај нас и во земјите од регионот сѐ уште доминантен е делта сојот, а надлежните повикуваат на помасовна вакцинација, која претставува единствениот реален излез од пандемијата.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави дека минатата недела во однос на претходната, забележано е намалување од 17,3 отсто заболени од ковид-19, а заклучно со вчерашниот ден вакцинирани се 828.770 граѓани. ИЈЗ, минатата недела регистрирал 2.275 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, а процентот на позитивност се движи од 7,8 отсто до 19 отсто, просечно 13,1 отсто.

Од направени се 2.744 тестирања во текот на вчерашниот ден, регистрирани се 375 нови случаи на Ковид-19, а девет лица починале од вирусот. Регистрирани сe 507 оздравени пациенти. Најмногу од регистрираните нови случаи се во Скопје-180, а најмалку, по еден има во Неготино, Крушево и Пехчево.

Од починатите, три лица се од Скопје (87г, 78г и 62г) и по еден починат од Кавадарци (60г), Струга (83г), Струмица (72г), Кочани (59г), Штип (73г) и Свети Николе (86г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 217.775, бројот на оздравени пациенти е 204.474, на починати е 7.674, а бројот на активни случаи изнесува 5.627.

Инаку, новиот сој омикрон вчера за првпат беше потврден на Балканот. Станува збор за двајца пациенти од Хрватска кои се инфицирале со новиот сој, а притоа не престојувале во Јужна Африка, но биле на состаноци на кои имало гости од странство.

 

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе