Бројот на новозаразени од ковид-19 расте, сериозна ситуацијата во Прилеп

Во последните 24 часа беа направени 1.630 тестирања, а регистрирани 152 нови случаи на ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети. Полицијата секојдневно регистрира голем број прекршоци за неносење лична заштита на лица, а во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, регистрирани се 680 прекршоци.

Владата, како што најави вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од  ковид-19, а обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен и ќе има сѐ повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните. Во меѓувреме, во Прилеп ситуацијата со ковид-19 е сериозна, неопходна е монтажна болница. Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, се воведуваат мерки во работните средини, контроли во институциите, засилени активности на полицијата за носење заштитни маски и ригорозни мерки во Градскиот пазар.

„Заедно со полицијата, пазараната инспекција, мора да се засилат контролите. Никој нема право со својата неажурност, да ги изложува на ризик критичните групи граѓани. Истовремено, комисијата од локалната самоуправа ќе врши засилена контрола врз институциите за начинот на спроведување на мерките за заштита од ковид-19”, изјави Јованоски.

Инфективното одделение при градската болница „Борка Талески" е на работ на капацитетот. Од можноста да прими 30, сега има 23 пациенти од кои 10 се на кислородна поддршка. Според Мирјана Крстеска, инфектолог и раководител на одделението неопходна е монтажната болница, зашто градот е меѓу првите во кои треба да профункционира.

„Од 23 хоспитализирани пациенти, од кои 10 на кислородна поддршка. Сите се повозрасни, над 50 или 60 годишна возраст. Денска примивме момче на 24 годсини во многу тешка состојба и го пративме на Инфективната клиника во Скопје. Старосната граница на заболените се повлекува, има помлади. Имаме терапија, но проблемот е со централниот довод на кислород. Доколку тоа се реши, би било големо олеснување. Но, тешките пациенти е проблем да ги примат на клиниките во Скопје, зашто и таму капацитетите се преполни и остануваат да бидат третирани на Инфективното одделение во Прилеп. Поради пребукираноста, реално, на клиниките се примаат помладите пациенти”, вели таа.

Реално, може да примиме 30 пациенти, додава, а во моментов се 23.

„Доколку се исполни капацитетот, во другите одделенија се отворија оддели за изолација за таму да останат позитивните пациенти, а се лекуваат за друго. Кога ќе почне да се градат монтажните болници, Прилеп е еден од првите градови, зашто треба да се земат предвид и општините Македонски Брод и Крушево. А имаме многу пациенти од Македонски Брод. Инаку, во моментов е хоспитализиран еден здравствен работник, а еден е на домашно лекување од службата за Итна помош”, вели Крстеска.

Драгица Николоска, директор на Центарот за јавно здравје нагласува дека има еден кластер во работните средини, но како резултат на семејни прослави.

„Денеска имаме четворица новозаболени и шест оздравени. Во моментов вкупната бројка на позитивни е 644. Активни се 125 случаи од кои 23-ца се на болничко а 102-ца на домашно лекување. Споредено од 1 август до денеска, вкупниот број позитивни случаи се 313. Во јули биле 70, а во јуни 51 заболен. Досега се 38 починати лица. Во Центарот секојдневно се тестираат од 15 до 20 пациенти. Во работните организации во моментов е еден активен кластер. Сите други, главно се семејни кластери. Ова значи дека заболените во работните организации и институции немаат поврзаност, што значи дека вирусот го донесле однадвор. Голем дел од нив во анкетата кажале дека присуствувале на семејни веселби, на слави, имендени, на групни собирања”, изјави вчера Николоска.

Инаку, во Центарот за јавно здравје имало еден асимптоматски позитивен случај, а тројца ставени во изолација.

Во градинките сега ситуацијата е стабилна. Нема случај на заболено дете или вработен.

Владата пак, размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од ковид-19.

„Во Владата разговараме во однос на зголемувањето на казните и ќе се цени дали има потреба од тоа или не. Важно е дека обемот на работа на полициските службеници е зголемен и правиме сѐ што треба да биде направено во овој момент за сите оние кои не ги почитуваат мерките, односно кои прво не се почитуваат самите себеси и не ги почитуваат своите семејства со тоа што не се зашититуваат и се изложуваат на ризик да бидат зафатени со инфекцијата. Ќе мора да носат некаква одговорност. И тоа ќе се случува понатаму и во угостителски објекти и на собирања, итн, се повеќе и повеќе, со цел да се влијае на оние кои не ги почитуваат мерките  и со тоа директно ги загрозуваат живот и здравјето на граѓаните”, изјави вчера Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата а Полицискиот центар Ѓорче Петров.

Казните, како што додава, се наплаќаат и сега, но тоа ќе биде многу полесно откако ќе се направи усогласување на потребните закони со Законот за прекршоци, што се доставени во Собранието уште пред распуштањето поради изборите. МВР останува на тие законски решенија и Спасовски очекува наскоро да бидат ставени на дневен ред и Собранието да ги изгласа.

 

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе