Министерство за здравство

Бројот на новозаразени не опаѓа, досега 341 смртен случај

Седум починати од ковид-19 се регистрирани вчера, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 341. Пет од нив се од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево. Институтот вчера регистрира 115 нови случаи заразени со овој вирус, а 40 лица оздравеле.

Новите случаи на Ковид-19 се во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-2. Од оздравените, 26 се од Скопје, двајца од Велес, Гостивар-3, Кичево-3, Ресен-6.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби вчера починаа двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години, а во ГОБ „8 Септември“ починаа пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7046, бројката на оздравени пациенти е 3027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3678.

Во Скопје најмногу активни случаи – 2007, следат Тетово со 392, Куманово – 244, Охрид – 175, Струга – 167, Штип 161 случај. Единствени општини без активни случаи се Радовиш, Берово, Виница и Делчево.

Во скопската општина Чаир има 415 активни случаи, потоа во Гази Баба – 207, во Бутел – 173, Карпош – 167, Аеродром – 159, Сарај – 154 и Центар – 150.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и четири деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 92 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 67.165 тестирања на ковид-19.

 

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе