Министерство за здравство

Бројот на нови случаи на ковид-19 секојдневно расте, денеска се 74, две лица починаа

Во последните 24 часа  има зголемување на бројот на нови случаи на ковид-19 и од направени 4.582 тестирања регистрирани се 74 нови случаи, оздравени се 17 пациенти, а починаа две лица, информира Министерството за здравство.

Новите случаи на ковид-19 се во Скопје - 16, Тетово - 15, Куманово - 8, Гостивар - 7, Битола - 6, Кичево - 5, Дебар - 4, Струмица - 3, Прилеп, Штип и Свети Николе по 2, а Охрид, Гевгелија, Радовиш и Берово по 1.

Регистрирани сe 17 оздравени пациенти  и тоа од Скопје - 8, Тетово - 5, Куманово – 2 и од Кичево и Кавадарци по 1.

Починати се двајца во болнички услови, еден од Скопје и  еден од Кичево, и двајцата од возрасната група над 60 години.

Направените 4.582 тестови се преку: ИЈЗ-103, ЦЈЗ Скопје-43, ЦЈЗ Битола-83, ЦЈЗ Прилеп-38, ЦЈЗ Тетово–30, ЦЈЗ Куманово–30, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–23, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-350, Биотек-180, Систина-84, лабораторија Лаор-363, Синлаб-24, Ремедика-13, Плодност–30, Генеа–23, Никоб лаб-1.049, ВФВ Медикал-53, Ели Медика-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.987. Досега во земјата се направени вкупно 971.395 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.299 бројката на оздравени пациенти е 150.350, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 456. 

Според епидемиолошките анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

 

Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

 

Скопје 68874, 146

Куманово 8936, 52

Прилеп 8340, 12

Тетово 7426, 116

Битола 6327, 17

Велес 5479, 5

Гостивар 5219, 30

Кавадарци 5157, 1

Охрид 5027, 8

Штип 4966, 5

Струмица 4137, 11

Струга 2986, 5

Кочани 2799, 6

Кичево 2614, 13

Гевгелија 2197, 2

Неготино 2184, 0      

Свети Николе 1528, 3

Ресен 1234, 0

Крива Паланка 1227, 0

Радовиш 1164, 3

Берово 1033, 1

Делчево 974, 1

Дебар 959, 15

Виница 886, 0

Пробиштип 789, 0

Валандово 671, 4

Богданци 494, 0

Крушево 490, 0

Демир Хисар 400, 0

Демир Капија 396, 0

Кратово 377, 0

Македонски Брод 359, 0

Пехчево 269, 0

Македонска Каменица 249, 0

Дојран 132, 0

 

 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе