Министерство за здравство

Бројот на активни случаи пак се зголеми, најмногу во Скопје, нема во Крушево и Валандово

Бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава и натаму се одржува на околу 3.000, од кои најмногу се во Скопје, Куманово, Гостивар, Штип и Тетово. Без активни на корона вирусот се само Крушево и Валандово.

По повеќедневниот трицифрен биланс на заразени, вчера беа регистрирани помал број новозаболени 78, но беа направени и помалку тестирања 860. Оздравеле 40, а четири лица починаа. Досега во земјава се направени вкупно 138.325 тестирања. Од почетокот на епидемијата се евидентирани 13.673 позитивни на Ковид-19, излекувани се лица 10.150, а починаа 568.

Бројот на активни случаи во моментов изнесува 2.995. Најмногу се бележат во Скопје 876, во Куманово 340, во Штип 258, Гостивар 312, во Тетово 172, во Струга 140, во Кавадарци 101, во Кичево 100, во Дебар 77, во Свети Николе 65, во Прилеп 63, во Охрид  59, во Битола 55, во Виница 41, во Велес 33, во Македонски Брод 36, во Кочани 30, во Берово 30, во Делчево 29, во Демир Хисар 27, во Гевгелија 24, во Струмица 22, во Пробиштип 21, во Неготино 14, во Крива Паланка 12, во Радовиш 11, Пехчево четири кативни случаи, во Кратово два случаи, во Ресен има еден активен случај, а без ниеден се Крушево и Валандово.

Вкупно се хоспитализирани 319 пациенти, од кои на кислородна поддршка се 39, а седум се на механичка вентилација.

Надлежните повторно апелираат да се почитуваат мерките и воведените протоколи, да се носат маски и да се држи неопходната дистанца.

Во изминатото деноноќие регистрирани се 445 граѓани кои не носеле лична заштита на лицето, за што ќе бидат соодветно санкционирани.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе