Министерство за здравство

Бројот на активни случаи на ковид-19 се намали под 500

Бројот на новозаболени од ковид-19 во државава се намалува, активни се 451 случај, а вакцинацијата, според надлежните, се одвива непречено во сите пунктови.

Во текот на вчерашниот ден пристигнаа 30.000 вакцини „Синовак“, како донација од Турција. Тие, како што најави ресорниот министер Венко Филипче, во најбрз рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови во државата.

Во објава на Фејсбук Филипче изрази голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се, за експресната испорака на ветената количина.

Од МЗ истакнуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Досега вкупно 444.898 граѓани изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата „vakcinacija.mk“.

Со последните бројки, 48 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  42 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Согласно Националниот план за имунизација се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата „vakcinacija.mk“, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата, и тоа во А1 Aрената во Скопје, и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Бројот на новозаболени од вирусот и вчера беше двоцифрен. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 28 случаи на заболени од ковид-19. Пет лица починаа, а оздравеле 23 пациенти. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, вчера беа направени вкупно 2.619 тестирања, а регистрираните нови случаи се од Скопје – 16, Куманово – девет Тетово – двајца, и еден во Прилеп.

Според податоците што ги објави вчера МЗ за претходното деноноќие, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 125 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите. Во ковид центрите во Скопје немало хоспитализирани нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а 48 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Во ковид центрите во болниците низ земјава, пак, е пријавено дека се лекуваат вкупно 77 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Поради намалениот број болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 821.365 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.469. Бројката на оздравени пациенти е 149.551, а починаа 5.467.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе