Британскиот сој на коронавирусот е за 35 отсто посмртоносен од другите

Според најновите сознанија, британската мутација на коронавирусот полесно се пренесува за 50 до 70 отсто од досега познатиот ковид-19, а смртноста од овој сој е поголема за 35%.

Овие најнови сознанија според извештајот на NERVTAG за британската мутација на коронавирусот на својот фејсбук профил ги објави д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при клиниката „Жан Митрев“.

„Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот полесно се пренесува за најверојатно 50-70%, односно, ако требало да се заразат 1.000 луѓе, ќе се заразат 1500-1700. Значајно. Сојот најверојатно води до поголема смртност, барем за 35% во споредба со небритански соеви. Ако има зголемена преносливост (да речеме 50%) и зголемена смртност (да речеме 35%) наместо да се заразат 1.000, ќе се заразат 1.500 и наместо да починат 10, ќе починат 20. Тековните вакцини се доволно ефективни кон британскиот сој“.

Кунгуловски вели дека  пандемијата е далеку од завршена и единствениот спас е глобалната вакцинација, што побрзо толку подобро.

„Дотогаш, следете мерки, носете маски, не престојувајте во непроветрени простории, не престојувајте во затворени простории подолго време, бидете разумни, не мислете само на себе, туку мислете и на останатите околу вас. Паниката не користи никому, додека пак разумна претпазливост и мониторинг користат секому“, препорачува  Кунгуловски.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе