Владата потсетува

Бремените жени се ослободени од одење на работа до крај на пандемијата

Бремените жени се ослободени од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место сѐ до завршувањето на пандемијата со ковид-19 прогалсена од Светската здравствена организација, потсетува Владата на својата одлука од минатиот месец, бидејќи често во јавноста се поставува прашањето дали таа важи и по Нова година.

Содржината на мерките кои се однесуваат на бремените жени е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест ковид-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена, објавена во Службен весник на 04.11.2020 година.

„Оваа информација ја објавуваме по изразениот интерес околу обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, на бремените жени, по 31 декември 2020 година“, соопшти Владата.

Владината одлука е донесена на седницата одржана на 3 ноември по препорака на Комисијата за заразни болести.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе