Министерството за здравство наведува дека според извештаите на болниците, во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 25 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 47 пациенти. Во ковид - центарот во Охрид има хоспитализирано 35 пациенти, во Прилеп 33, во ковид - центарот во Гостивар 17, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 2 во Кичево 15, Кавадарци 21, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, соопштува Министерството за здравство.