Намален притисокот врз болниците

Болнички се лекуваат 317 пациенти, во скопските ковид - центри примени пет болни лица

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во Скопе и во болниците низ земјава изнесува 317 лица, од тоа 131 пациент се лекува во главниот град. Во изминатите 24 часа во ковид - центрите во Скопје се хоспитализирани пет пациенти поради компликации од коронавирусот. 

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ во Скопје немало прием на пациенти. Еден пациент е примен во ковид - центарот во ГОБ „8 Септември“, а четири пациенти се примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент.

Во ковид центрарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 18 пациенти, во ГОБ „8 Септември има вкупно 49 болни“, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 64 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има четири пациенти, во Велес се лекуваат 16 болни, а во Куманово 34 пациенти. Во ковид - центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 12, во ковид - центарот во Гостивар пет, а во Струга 21 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 16 пациенти, во Кочани четири во Кичево седум, Кавадарци пет, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот. 

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе