Состојби со болничките капацитети

Болниците имаат на располагање 670 легла за болни од ковид-19

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава изнесува 1.237 лица и има околу 670 празни болнички кревети во ковид центрите. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани уште 48 пациенти, а вкупно 515 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми на пациенти, цо ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени 14 пациенти, а 11  на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден болен, исто како и на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени двајца пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 202 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 122 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 131 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 23 пациенти. На Клиниката за детски болести има три деца и три мајки позитивни на ковид-19, а на ГАК има три позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација се лекуваат 28 болни.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 722 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 97 пациенти, во болницата во Штип 60 пациенти, на Инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 84 болни, а во Куманово 82 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 80 пациенти, во Прилеп 75, во ковид центарот во Гостивар 22, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 17, во Кичево 25, Кавадарци 37, а во Гевгелија 12 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе