Без резултат средбата во МОН со групата „Учебници и настава мора да има"

Бојкотот на наставата во мирување, од МОН велат промени во образованието мора да има

Без заклучок заврши средбата на претставници на фејсбук-групата „Учебници и настава мора да има" со претставници на Министерството за образование и наука, на која тие го образложиле нивното барање да се стопира носењето на новиот закон за учебници во основно и средно образование. Тие рекоа дека претставниците од МОН не биле компетентни за сите прашања, а министерката Царовска не присуствувала, па побарале нова средба, дотогаш бојкотот на наставата е ставен во мирување. Од МОН соопштија дека „иницијаторите за бојкот“ биле сослушани, но и дека промени мора да има.

Драгана Спасевска по средбата, на која биле тројца претставници од МОН, но не и министерката Мила Царовска, изјави дека тие не биле компетентни за сите нивни барања и дека треба да бидат вклучени и претставници од Бирото за развој на образованието и од СОНК. Им било кажано, рече таа, дека откако ќе се консултураат со нив, одново ќе ги поканат од понеделник на средба. Дотогаш бојкотот го ставаат во мирување, но ќе протестираат доколку нема средба или не им се исполнат барањата.

„Имавме конструктивна средба со МОН, но претставниците не беа компетентни да ни одговорат на сите точки. Требаше да има и од БРО и СОНК. Одлучивме дека до идната недела ќе ги разгледаат нашите барања – да се стопира овој закон, да се отвори јавна дебата и ние да бидеме инволвирани во новите реформи, за кои е јасно дека се повеќе од потребни. Очекуваме повторно да не повикаат со комплетен тим од сите сектори и јасно и гласно да ни кажат дали ќе се прекине со овој закон. Даваме термин до почетокот на идната недела да одговорат, во спротивно одиме на протести и на граѓанска иницијатива за стопирање на предлог-законот“, рече Спасевска.

По средбата Минитерството објави соопштение во кое се нагласува дека беа сослушани лица од иницијативата за бојкот на наставата, но се додава дека промените во основното образование ќе се случат „затоа што тоа не е самоиницијативна одлука на Министерството за образование и наука, туку е резултат на сеопфатни анализи на квалитетот на националниот образовен систем спроведени од кредибилни меѓународни организации“.

Во соопштението се истакнува дека, промените се и барање на наставниците и на многу генерации на ученици, но и потреба која што ја наметнува современиот свет и глобалните образовни трендови со кои Македонија конечно мора да фати чекор и да ги следи.

„Министерството за образование и наука како и за сите останати реформски процеси така и за Законот за учебници консултира и го слуша мислењето на сите засегнати страни. Сепак во носењето на законското решение предност се дава на квалитет на наставата и повеќе бенефиции за младите, така што, тоа не смее да биде причина за бојкот“, се вели во соопштението.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе