Министерството за образование предупредува

Бојкотот на наставата е на директна штета на децата

Министерството за образование и наука денеска, преку соопштение упати апел до сите оние кои ја бојкотираат наставата дека секој изгубен ден од учењето е на директна штета на децата. Сите ученици мора да ја почнат учебната година и најважно од сѐ е образовниот процес да продолжи, нагласува Министерството. Според проценките на Министерството, околу 80 проценти од наставниците и учениците успешно се приклучиле на онлајн наставата.

Министерството за образование и наука информира дека според последните проценки, над 98 проценти од учениците од прво до трето одделение ја следат наставата со физичко присуство во училиштата, а останатите учат од далечина.

„За учениците коишто немаат уреди за онлајн учење, а сепак треба да учат на далечина успешно се емитуваат 15-минутни часови на телевизија преку Националната радио телевизија. Исто така, наставниците имаат обврска да им печатат материјали и редовно да им ги доставуваат, но и да бидат во постојана комуникација со нив и нивните семејства, за да го следат совладувањето на наставниот материјал", се вели во соопштението.

Од Министерството информираат дека од почетокот на учебната година, бројот на учениците коишто следат онлајн настава е зголемен за околу 10 проценти, односно дека за неполна недела околу 80 отсто од учениците во средните и основните училишта успешно се приклучиле кон онлајн наставата. Останатите ученици и наставници во основно и средно образование, пријавиле дека имаат тешкотии при вклучувањето во онлајн наставата, а како најчеста причина ги посочуваат - лошата интернет конекција или немањето уреди.

Во соопштението се вели и дека Министерството за образование и наука е во координација со градоначалниците, локалните самоуправи и директорите на училиштата за да се надминат овие проблеми.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе