Бочварски: Во Штип сега е третиот бран на ковид-19

Штип во моментов го има третиот бран на Ковид- 19, што го зголемува бројот на новозаразени. Во овој момент во Штипската клиничка болница имаме 50 заразени лица, а 579 лица се во изолација, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

Бочварски, како што пренесуваат медиумите, вели дека бројката сама по себе говори дека ваквата состојба не само што не смее да се потцени, туку и мора да се вклучи алармот на дополнителна внимателност, а воедно мора да се стават сите капацитети во функција, но мора и сите граѓани да се придружат и да ја дадат својата максимална поддршка во справувањето со овој нов бран.

„Кристално ми е јасно дека ниту еден граѓанин не посакува повторно враќање на рестриктивните мерки, но сакам да ја искористам оваа прилика да замолам, да побарам од секој еден граѓанин, највисока општествена и здравствена одговорност за себе и за останатите граѓани. Иако Општина Штип не носи одлука за карантин или полициски час, сакам да го искажам мојот став дека сум оптимист и верувам дека ќе успееме да го пребродиме овој бран, без притоа да се случи делумно или целосно затворање на градот. Затоа ние мораме да направиме се и да не дозволиме да продолжи растот на новозаразени, а со тоа да се преполнат капацитетите на болниците и повторно да се вратиме на поголеми ограничувања во функционирањето“, вели Бочварски.

Штипскиот градоначалник вели дека разговарал со сите инспекторатите, со полицијата, со обвинителството како репресивни органи кои, како што рече, ќе бидат на терен и ќе ги санкционираат прекршувањата од кој и да се случат.

Локалната власт заедно со Клиничка Болница- Штип и Министерство за здравство веќе работат на поставување монтажен објект во кругот на Клиничка Болница, со цел зголемување на капацитетите во септември и октомври, доколку се јави потреба. Започнато е проектирањето на сите инсталации за овој објект после што ќе чекаат сигнал од Министерството за здравство, за отпочнување со негова реализација.

На прашањето дали разговарал со сопствениците на конфекциите, Бочварски рече дека секојдневно комуницира со нив и голем дел од нив одлучиле самите да прават скрининзи, дел од нив ги имаат затворено погоните, а оние кои ги немаат работат со работниците, кои имаат негативни тестови.

Тој, исто така апелираше сите без исклучок да ги почитуваат трите основни, едноставни и на секого јасни препораки, а тоа се носење на заштитна маска, дистанца од два метра, како и често миење на рацете. 

 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе