Состојби со болничките капацитети

Благо намалување на хоспитализираните од ковид-19, за 12 пациенти помалку од вчера

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава изнесува 748 лица и има околу 920 празни болнички кревети.Во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани уште 13 пациенти, а вкупно 319 лица се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Во болниците надвор од Скопје на болничко лекување се наоѓаат 429 пациенти.

Еден пациент е примен на интерните и хируршки клиники, осум во ГОБ „8 Септември, а четири на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти. Во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 95 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 118 болни, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има пет пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на вирусот, а на Институтот за физикална медицина и рехабилитација има пет болни лица.

Бројот на приеми во изминативе денови во скопските центри се намалува и утрово до 8 часот имало 380 слободни места, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава, без Скопје, е пријавено дека се лекуваат вкупно 429 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 48 пациенти, во Штип 50 болни, на инфективното одделение во Тетово има 10 пациенти, во Велес се лекуваат 52 болни, а во Куманово 58 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 34, во ковид центарот во Гостивар 13, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 42 пациенти, во Кочани 19, во Кичево 9, во  Кавадарци 24, а во Гевгелија шест лица позитивни и суспектни на коронавирусот. 

 

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе