„Бибиверзум“ – нов модел за современо образование на децата

Колку едно општество вложува во образованието на децата, толку тие деца кога ќе пораснат, соодветно ќе му вратат на општеството. Македонското образование никако да прележи некои „детски болести" и да им понуди на децата знаење со кое ќе можат да го освојуваат светот. Тимот на „Светот на Биби" сака да влијае за ова да се смени. Затоа наскоро почнуваат со мали, но важни чекори во револуцијата на образованието на децата.

Во новата сезона, Биби ги раскажува своите нови сказни на нејзиниот јутјуб-канал и има свое реално катче,„Бибиверзум“. Едукативниот центар ќе нуди неконвенционален и забавен начин за учење и стекнување знаења и вештини. 

Со помош на иновативна програма и наставници кои сакаат да применуваат нови методи во работата, ќе се учи за светот и за себе. Со иновативната образовна програма ќе бидат опфатени деца од 5 до 7 години, а ќе се работи во мали групи од 6 до 8 деца.

Целта е да им се овозможи на децата да ги видат врските помеѓу одредени предмети во училиштето и феноменот на животот надвор од училиштето. Тоа треба да им помогне на децата да ги поврзат знаењата и вештините од различни дисциплини, да го структурираат нивното учење, да излезат со нови прашања, како и да создадат нови знаења преку заедничко работење.

Клучната цел на оваа програма е да се промовираат вредностите и да се препознаат вистинските потреби и културата во општеството, како и храброста да се поддржи и да се инвестира сериозно во образованието, особено во професијата наставник, која е заедничка точка на најдобрите системи.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе