Влада

Без маски на отворено, полицискиот час важи до 15 јуни

Движење без маски на отворено, организирање  свадби, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но и присуство на публика на спортски натпревари што се одржуваат на отворено до 30 отсто од вкупниот капацитет на посетители. Тоа се дел од  измените на  рестриктивни мерки што ги усвои Владата вчера на седница, по намалувањето на бројот на новозаболените од ковид-19.

Со ова, се укинува мерката носење на заштитна маска на отворено, освен кога лицата се во поголема група. Останува на важност мерката за задолжително носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.

Новите протоколи дозволуваат присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30 проценти од вкупниот капацитет на посетители, со задолжително почитување на растојание помеѓу посетителите од 1,5-2 метри. Се укинува мерката за забрана за групирање на јавен простор на не повеќе од четири лица.

Дозволено е и организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 отсто од капацитетот на просторот, со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата. Присуство на музичари е дозволено само при организирање на свадби, а согласно соодветен протокол.

Исто така, зголемен е и бројот на лица на една маса во угостителските објекти, поточно од четири на шест лица со обезбедување на препорачаната дистанца меѓу лицата на масата. Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина, а мерката полициски час продолжува да важи до 15 јуни.

Независната угостителска комора (НУК) вчера реагираше на овие протоколи, бидејќи смета дека токму со новите препораки за организирање прослави, наместо да се влијае, ќе се предизвика хаос во работењето на угостителски објекти.

Од комората исто така реагираат што не се консултирани претставници од оваа фела при носењето на овие протоколи.

„Доколку се точни медиумските најави за нови препораки, и се восхитуваме на умешноста на Комисијата за заразни болести кои од една страна со предлог-мерките дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор додека од друга страна постави нови правила и ограничувања за музичарите чие присуство со истата мерка е ограничено само при организирање на свадби“, посочија вчера во соопштението.

Од НУК бараат од Владата при усвојување на протоколите да го врати членот 13 со кој ќе со дозволи организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот во сите угостителски објекти согласно протоколите за работа, а постојната препорака за јачина на музиката со која се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти за исхрана на 55 децибели, да ја укине во целост.

Исто така, бараат да се дозволи и на иста маса да седат повеќе од шест лица доколку се од иста фамилија.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе