Бесплатни дерматолошки прегледи во Градски парк во Скопје

Во организација на Здружението на дерматовенеролози на Македонија денеска во Градски парк во Скопје, кај споменикот на Гоце Делчев, ќе се одржи настан под мотото „Да се заштитиме од Сонцето, да спречиме рак на кожа!" со бесплатни дерматолошки прегледи. Со ова Здружението ќе се приклучи кон активностите на Европската академија на дерматовенеролози и дерматовенеролозите од ЕУ за превенеција од ракот на кожа. Ракот на кожата е меѓу најчестите и најоптоварувачките видови на рак во Европската Унија.

Во 2020 година, на над 106.000 граѓани на ЕУ им бил дијагностициран меланом што го прави шести најчест вид на рак и една од дваесетте најчести причини за смрт од рак, се посочува во заедничката изјава на Европската академија на дерматовенеролози потпишана од претседателите на дерматолошките асоцијации од Европа, меѓу кои и од Здружението на дерматовенеролози на Македонија.

„Кератиноцитните карциноми (кои вклучува карциноми на базалните клетки и сквамозните клетки) се далеку најраспространети од сите видови на рак и додека не се опасна по живот во повеќето случаи, може значително да влијаат на квалитетот на животот на пациентот. Голема загриженост е тоа што кератиноцитните карциноми се најбрзо растечките карциноми, а инциденцата се очекува да продолжи да расте (за над 40% до 2040 година), претставувајќи огромен предизвик за здравствените системи. Ова не мора да биде случај, бидејќи ракот на кожата е дел од 40 проценти од карциноми што може да се спречат и чија инциденца би била значително намалени доколку се прифатат посвесни и поодговорни однесувања", стои во заедничката изјава.

Беспланите дерматолошки прегледи ќе се вршат во Градскиот парк на платото кај споменикот на Гоце Делчев од страна на доктори дерматолози од приватниот сектор и државните клиники. При тоа ќе биде делен и едукативен материјал за граѓаните.

На настанот најавени се обраќања на заменик министерот за здравство доц. д-р Владимир Рендевски, претседателот на Здружението на дерматовенеролози на Македонија проф.д-р Андреј Петров и проф. д-р Сузана Николовска, директорка на ЈЗУ Универзитетската Клиника за дерматологија – Скопје.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе