Влада

Бесплатна вакцинација против грип за ризични групи

„Бесплатна вакцинација против грип за ризични групи, без ограничување во однос на примањата“ е информацијата што ја усвои денеска Владата со акциски план за проектот. 

„Согласно препораките на Светската здравствена организација, како и Програмата за имунизација за 2019 година во категоријата ризични групи се опфатени бремени жени во кој било период од бременоста, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, лица над 65-годишна возраст, лица со хронични заболувања, како и лица сместени во геронтолошки центри и вработени во овие центри и здравствени работници.

Со овој проект се планира Министерството за здравство по пат на јавна набавка да обезбеди околу 28.000 дози вакцини против сезонски грип, наменети за бесплатна вакцинација на лица изложени на зголемен ризик од тешки форми и компликации од грип”, соопшти Министерството за здравство. 

Средствата за оваа намена ќе бидат обезбедени во рамки на Програмата за задолжителна имунизација на населението за 2019 година, а вакцините ќе бидат распределени во Центрите за јавно здравје и по потреба во други овластени здравствени установи кои ќе ја извршуваат вакцинацијата. Лицата за кои е обезбедено бесплатно вакцинирање потребно е во службата за вакцинација да достават на увид потврда за хронично заболување заедно со упат издадени од матичен лекар. Закажувањето за вакцинација ќе се одвива преку електронскиот систем „Мој Термин“.

Вакцината против сезонски грип создава имунитет по 14 дена од вакцинација, кој трае околу 8-10 месеци. Најдобар период за вакцинирање со вакцина против грип е од септември до крајот на ноември секоја година, но вакцината може да се даде во тек на цела сезона (од септември до март).

Во изминатите години во земјава годишно се вакцинираат од 15.000 до 45.000 лица. Минатата година се воведе бесплатна вакцинација против сезонски грип за лица над 65-годишна возраст со просечна пензија и пензија под просечната, како и за лица без пензија. Оваа мерка се воведе првпат како пилот, а на овој начин се заштитени од грип и компликации најранливите групи стари лица, кај кои има и најчести компликации.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе