Вакцинацијата против сезонски грип, како што велат од Министерството, се одвива согласно утврдените планови, а во согласност со утврдените ковид протоколи за временска и физичка дистанца меѓу пациентите. Оттаму додаваат дека вакцини има за сите и дека секој петок од тековната недела се отвораат термини за вакцинација преку системот „МојТермин“.
За оваа сезона на грип се набавени 40.000 дози на четири типни вакцини против грип, наменети за бесплатна вакцинација на ризични групи, 12.000 повеќе од лани. Од Министерството апелираат граѓаните кои закажале термин за вакцинирање да се појават на пункт за вакцинација, а доколку се спречени, резервираниот термин да го откажат.
Бесплатна вакцинација против сезонски грип се врши на шест пункта на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, како и во здравствените домови во Велес, Неготино, Teтово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Вевчани, Македонски Брод, Ростуше, Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Штип, Валандово, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Берово, Делчево, Виница, Пробиштип, Пехчево, и Кочани. Вакцинација се врши и во општите болници во Гевгелија, Дебар и Кавадарци.