Случај на ГАК

Беља му одговори на Заев: Фрустрирачки изјави на премиерот

Поранешниот економски директор на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство Ваљон Беља на својот фејсбук-профил напиша: „Ако ми било предочено дека ќе бидам сменет, зошто ми е продолжено решението како економски „в.д. директор" во Клиниката за гинекологија и акушерство? Фактите зборуваат спротивно од фрустирачките изјави на премиерот Заев. Ако вие поставувате дипломиран филолог на местото главна сестра во значајна инстуција (што е спротивно на законот), тогаш... кој се подбива со оваа институција", пишува Беља на Фејсбук.

Претходно, разрешувањето на Беља го објасни и премиерот Зоран Заев - затоа што тропал глупости. Заев изјави дека со економскиот директор на ГАК од поодамна имало проблеми и дека тој бил еден од директорите, кои биле во дебатата за промена на функционери, кои не си ја работат добро работата.

„Тој веројатно кога слушна дека ќе биде променет истапи со вакви обвинувања“, рече Заев.

„Без разлика дали станува збор за директорката Јовановска или за Беља истражните органи треба да проверат. Суштината вака да настапи беше тоа што му беше соопштено дека ќе биде разрешен и тој тргна по тој пат. Затоа се случи одлуката на министерот веднаш да биде разрешен, затоа што со соопштување на одлуката и неговиот начин на прифаќање на одлуката да тргне во тој правец може да направи непоправливи штети. Не заради тоа што тој ќе збори одредени работи, туку затоа што тропа глупости од секој можен аспект и нема да дозволиме никој да си игра играчки со институциите и со позицијата што ја има поставено од страна на владата и од неговиот ресорен министер“, рече Заев.

Беља пред три дена на Фејсбук ја обвини директорката на ГАК Викторија Јовановска дека фаворизира фирма за микробиолошки тестови со спецификите во набавките. Јовановска пак му одговори на Беља со ново обвинување дека тој вака реагира бидејќи одбила да потпише вработување на две лица во неговиот кабинет. На набавката за микробиолошки тестови има и негов потпис и ако биле економски неоправдани не требало да потпишува, рече Јовановска и најави дека ќе поднесе тужба за клевета.

Беља рече дека сите докази ќе ги однесе во обвинителството.

Министерот за здравство Венко Филипче пред два дена донесе решение за разрешување на Беља од функцијата економски директор.

 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе