Бектеши: Ако сакате да пиете кафе, вакцинирајте се

Почитувајте ги мерките за заштита и протоколите, оти само на тој начин ќе се спречи ширењето на коронавирусот, им порача министерот за економија Крешник Бектеши на граѓаните и на сопствениците на угостителските објекти. Членовите на Владата, пак, како што кажа, се обврзани да ги поттикнат сите граѓани да се вакцинираат, со цел да не бидат доведени во ситуација да воведат порестриктивни мерки.

„Ако сме доведени во ситуација да воведеме целосен ‘локдаун‘ на одреден сектор, ние, како и претходно, ќе донесеме економски мерки за целосно затворање на одредени сектори“, рече Бектеши.

Според него, мерките донесени од Владата не се за целосно затворање на угостителски објекти туку само за тие кои работат внатре. Тие нема да смеат да работат. За оние кои работат на отворено, со капацитет над 30 гости, секој кој ќе сака да влезе треба на редарските служби да им покаже сертификат дека е вакциниран.

„Објектите кои се со капацитет под 30 гости, не се обврзани да имаат редарски служби“, вели Бектеши.

Контрола на сите угостителски објекти дали мерката се почитува или не, како што кажа, ќе врши Државниот пазарен инспекторат.

„Од 16 август, во внатрешните простории не може да влезат гости. Надвор, на терасите, треба да се почитуваат протоколите и плус сега со дополнувањето да се има потврда за вакцинација. Од 16 август нема да има свадби и прослави во затворен простор. На отворено, како што се бара потврда за вакцинација во угостителските објекти, така ќе се бара и за тие кои организираат свадби и прослави гостите да покажат потврда дека се вакцинирани“, изјави Бектеши, дополнувајќи дека остануваат претходно донесените протоколи за угостителските објекти, сега дополнително со новата мерка.

„Ако сакате да пиете кафе, вакцинирајте се“, порача Бектеши.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе