Амбасадорот на Руската федерација уверува

Баздникин: Русија ќе го испочитува договорoт и ќе испорача вакцини

Амбасадорот на Русија, Сергеј Баздникин денеска изјави дека вакцинацијата со руски вакцини ќе оди непречено и дека договорот потпишан од страна на Рускиот фонд за директни инвестиции и македонското Министерство за здравство ќе биде испочитуван. Тој, за време на посетата на Штип, на новинарско прашање одговори дека не може да каже кога точно вакцините од Русија ќе пристигнат во земјава, при што нагласи дека во Македонија веќе се испорачани 6.000 дози.

„Договорот предвидува снабдување со 200.000 дози на вакцината 'Спутник V', што е количина за имунизација на 100.000 лица. До денес испорачани се 6.000 дози, 3.000 од секоја компонета. Во моментов се работи за испораката на останатите количини на препаратот. Руската страна доследно ќе ги исполнува своите обврски од договорот за да обезбеди испорака на вакцините во вашата земја", рече Баздникин.

Рускиот амбасадот нагласи дека вакцината „Спутник V" е апсолутно безбедна, нејзината ефикасност е над 90 отсто, додека е стопроцентна во спречување на компликации од коронавирусот.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе