Бајрамовска-Мустафа: МОН да отидат на терен и да видат како се спроведуваат протоколите по училиштата

Народниот правобранител и годинава добива поплаки за начинот на одвивање на наставата на почетокот на учебната година. Годинава почна подобро, донесени се протоколи за спроведување на наставата да биде безбедна, но тешко е да се реализираат тие протоколи. Едно е на хартија, друго е во практика, изјави заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа за Утрински брифинг.

Како главни поплаки што ги добиваат ги издвои долготрајното носење маски, одржувањето хигиена и неможноста да се контролираат децата да внимаваат на протоколите.

Учениците, како што додава, се деконцентрирани бидејќи часовите траат предолго за да можат за сето време да ги носат маските.

„Тоа предизвикува деконцентрација, а кај помалите ученици родителите имаат проблем да ги натераат да одат на училиште и да следат настава под вакви услови. Оттука, нашата препорака до МОН е да се скратат часовите, како и да им се дозволи на директорите самите да ги организираат часовите онака како што налагаат нивните можности“, посочи Бајрамовска-Мистафа.

Народниот правобранител го повикува Министерството за образование и наука да појдат на терен и да проверат како стојат состојбите во помалите места.

„Според наши сознанија, ретко каде во малите места се почитуваат протоколите“, рече Бајрамовска-Мустафа, додавајќи дека МОН би требало сериозно да ги сфати препораките од Народниот правобранител бидејќи се произлезени од увид на терен и разговори со засегнатите страни.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе