Крвната плазма лекува

Апел до оздравените од ковид-19 да даруваат крв

Институтот за трансфузиона медицина информира дека се обезбедени вкупно 142 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19. Станува збор за 100 дарители кои донирале плазма. Институтот ги повикува граѓаните кои оздравеле од болеста предизвикана од коронавирусот да ја покажат својата хуманост и да се пријават за дарување на крв за да се спасат животи на болни.

Институтот за трансфузиона медицина соопшти дека досега над 120 пациенти со ковид-19 се третирани со конвалесцентна плазма.

Крвната плазма содржи антитела против овој вирус, а кои се создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста.

Институтот за трансфузиона медицина потсетува дека граѓаните, кои се оздравени од оваа болест, имаат можност да им помогнат на оние луѓе кои во моментов се борат со коронавирусот и што претставува врвен чин на хуманост.

Преку подарената конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со ковид-19. Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од ковид-19, да има два негативни теста во рок од 24 часа, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус. .

Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време, се вели во соопштението и сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина. На тој начин ќе ја покажат својата хуманост и ќе помогнат во лекувањето на другите заболени со ковид-19.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе