Институтот за трансфузиона медицина соопшти дека досега над 120 пациенти со ковид-19 се третирани со конвалесцентна плазма.
Крвната плазма содржи антитела против овој вирус, а кои се создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста.
Институтот за трансфузиона медицина потсетува дека граѓаните, кои се оздравени од оваа болест, имаат можност да им помогнат на оние луѓе кои во моментов се борат со коронавирусот и што претставува врвен чин на хуманост.
Преку подарената конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со ковид-19. Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од ковид-19, да има два негативни теста во рок од 24 часа, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус. .
Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време, се вели во соопштението и сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина. На тој начин ќе ја покажат својата хуманост и ќе помогнат во лекувањето на другите заболени со ковид-19.