Министерот за здравство ги најави промените

Антитела на товар на ФЗО нема да може да испита секој, се воведуваат посебни критериуми

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека граѓаните ќе можат да испитуваат антитела на товар на Фондот, но ќе бидат потребни одредени критериуми и нема да може тоа да го прави секој. Ќе има бесплатно испитување за присуство на антитела, но ќе има категории за да не го прави секој тој тест. Ќе може да се тестира лице кое прележало ковид-19, или потребно е испитувањето пред да се прими вакцина

На оваа тема утрово министерот рагзоварал со директорите на Фондот и на Институтот, и се согласиле дека треба да продолжи праксата овие тестови да бидат на товар на државата, покриени од државен трошок, но ќе мора да се редуцираат пациентите кои ќе ги прават.

„Разговарав со директорот на Институтот и заклучивме дека, сепак, има индикации да се прават испитувања за антитела. Се договоривме, да се врати повторно одлуката да се прават тие испитувања на антитела на товар на Фондот во Институтот за биохемија, но под одредени критериуми, да не биде дека кој било може да го направи тоа испитување оти финансискиот товар е многу голем“, истакна министерот Филипче. 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе