Ангеловска: Над 14 милиони евра веќе исплатени преку домашната платежна картичка, решена и прва група приговори

Над 14 милиони евра се веќе исплатени на граѓаните преку домашната платежна картичка со која може да купуваат домашни производи. Сите картички се испечатени, а издадени се на 152.142 граѓани. Дополнително решени се и дел од приговорите на граѓани кои сметале дека ги исполнуваат условите и тие веќе се внесени на веб – страницата купувам домашно каде може да направат проверка за домашанaта платежна картичка.

Ова го соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска во видео обраќање во живо на својот Фејсбук профил.

„Се работи за навистина обемен проект, интезивно се испорачуваат картичките со кои веднаш можат да плаќаат и купуваат домашни произоди што се предвидени“, оцени министерката.

Веќе половина од картичките се издадени, и како што рече, заклучно со 18 јули ќе бидат издадени сите останати платежни картички, а оние кои ја имаат ќе може да плаќаат до 15 август.

Таа информираше дека од пристигнатите приговори до Генералниот секретаријат од вкупно 60 илјади, 20 илјади се однесувале на прашања на кои веќе им е одговорено, а 40 илјади за проверка на матични броеви.

„Од 60-те илјади на 20 илјади е веќе одговорено, останатите приговори се однесуваа за матични броеви што требаше да се групираат и да се проверат кои граѓани ги исполнуваат условите и треба да ја добијат картичката. Во првата група  приговори испратени до институциите за проверка се 22.500 од кои во категоријата невработени и вработени со низок доход се 16.000 приговори. Од овие вкупно 2.087 се прифатени, односно е утврдено дека ги исполнуваат условите и тие веќе се додадени и може да направат проверка преку веб – страницата купувам домашно“, рече министерката.

Ангеловска појасни дека од овие 2.087 лица, кои се вработени со ниски приходи се 1.783 кои добиваат картичка со 3.000 денари, а кои ќе добијат и ваучер за туризам од 6.000 денари, а 349 се невработени лица на кои им следува картичка со 9.000 денари.

Меѓу приговорите 6.500 лица се во категоријата млади и таа група е на проверка во Министерството за образование и наука.

„Има се уште матични броеви што се проверуваат. Уште 10.000 се испратени со АВРМ, УЈП и МТСП и за и во текот на утрешниот дел се очекуваат да бидат испратени сите и до крајот на неделата да заврши целиот процес на проверка“, рече министерката.

За приговорите во однос на картичките за здравствените работници, посочи дека се проверуваат со Фондот за здравство.

„Обемна беше мерката да се реализира во овој период. Над 150 илајди веќе ги имаат картичките, активно купуваат македонски производи и услуги. Изработивме и прирачник за тоа што се домашни производи и услуги“, рече министерката.

Оваа мерка е дел од третиот економски пакет мерки, а ќе ја добијат над 320 илјади граѓани, со 28 милиони евра.

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе