Министерот за здравство Венко Филипче објави

Анализите на МЗ утврдиле дека меѓу 79 отсто и 81 отсто од хоспитализираните пациенти со ковид-19 се невакцинирани

Ефикасноста на вакцините против ковид-19 ја потврдуваат многу анализи. Вакцините штитат од тешка форма на болеста, од хоспитализации и смртен исход. Анализите на Министерството за здравство утврдија дека меѓу 79 отсто и 81 отсто од хоспитализираните пациенти со ковид-19 се невакцинирани, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој посочува дека истражувањето на Цивика мобилитас потврдува дека во последните три и пол месеци има 14.500 помалку заразени, 4.595 помалку неделни хоспитализации, вакцинацијата ја намалила хоспитализацијата меѓу 37,9 отсто и 46,5 отсто, а трошоците за хоспитализација во последните пет недели од делта бранот се пониски за 2,8 милиони евра.

„Вакцинацијата против ковид-19 е важна и ќе помогне да запре пандемијата. Вакцините функционираат заедно со вашиот имунолошки систем, така што ќе бидете подготвени да се борите против вирусот доколку сте изложени на него. Ковид-19 може да има сериозни, опасни по живот компликации и не постои начин да се знае како вирусот ќе влијае на вас. ВакцинирајСе! Со вакцината се штитите себе си, пријателите, семејството и ги штитите другите околу вас“, напиша Филипче.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе