Алијанса за Албанците реагира дека електронските свидителства се само на македонски

Алијанса за Албанците на крајот на учебната година реагира дека наставниците се соочуваат со проблеми во однос на пополнувањето на свидетелствата по електронски пат.  

„Од една страна, родителите кои со право се жалат зошто треба да плаќаат 80 денари за пополнување на свидителствата, а според законот тоа не е потребно, од друга страна МОН не ги исполнува своите обврски. Иако во електронскиот дневник има можност да се пополни свидителството, тоа е само на македонски, а не и на албански јазик.

Ние како Алијанса прашуваме до кога наставниците Албанци ќе бидат дискриминирани и деградирани како неспособни и принудени да бараат пари од учениците или сами да си ги плаќаат свидителствата, а наставниците Македонци само со притиснување на копчето ‘печати‘ да им се испечати свидителството?“, велат од Алијанса за Албанците.

За нив вакво нешто било очекувано додека Мила Царовска беше министерка, но не и сега кога и министерот и заменикот министер з аобразование и наука се Албанци.

„Ако се жалите дека немате експерти од областа на ИТ или преведувачи, како и секогаш ќе ви помогнеме со нашите експерти, но, признајте дека не сте во можност да управувате и да го имплементирате албанскиот јазик како официјален јазик за кој едвај ве убедивме да гласате кога го условивме ова прашање во Собранието“, додаваат од Алијанса за Албанците.

 

 

 

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе