Ако не се зголеми бројот на вакцинирани против ковид-19 следува тешка зима во Македонија, предупредува Џикиќ

Македонските власти, како и владите во земјите од регионот, мора многу повеќе да се ангажираат за зголемување бројот на вакцинирани против ковид-19, во спротивно ќе следува тешка зима со многу смртни случаи од вирусот, предупредува угледниот хрватски научник Иван Џикиќ, молекуларен биолог кој работи и предава на Медицинскиот факултет на Гете Универзитетот во Франкфурт, Германија.

Македонија во моментов е трета земја во светот според бројот на смртноста од ковид-19 на милион жители. Повисока смртност, од почетокот на пандемијата, има само во Перу и Босна и Херцеговина. Џикиќ на денешната онлајн дискусија со македонски новинари порача дека овие бројки покажуваат дека нешто не е во ред.

„Високите бројки на смртност се одличен показател дека вашата влада не работела добро. Доколку работеле подобро, тие бројки би биле пониски. Тоа треба јасно да се искомуницира со нив, да им се каже – морате нешто да промените. Значи мораат да се ангажираат да ја зголемат вакцинацијата, да се ангажираат да го намалат моменталното ширење на заразата во Македонија и тогаш бројките релативно ќе се намалуваат. Јас навистина се надевам дека тие ќе го прифатат ова како една конструктивна критика, а не, како што често се случува, да речат дека некој ги критикува бидејќи се политичари. Тоа е една стручна критика кон нив, дека не ја извршиле својата работа добро и дека треба да се подобрат", рече Џикиќ.

Џикиќ објаснува дека најдобар излез од состојбата е вакцинацијата против ковид-19. Според него моменталната бројка на вакцинирани во Северна Македонија е алармантна.

„Проблемот кај Македонија е на долг рок. Се' додека не се надмине бројката од 60-70% вакцинирано население, што ќе биде многу тешко со оглед на сегашната бројка од 37%, се' дотогаш Македонија ќе биде земја во која ризикот за бројот на смртни случаи во оваа пандемија ќе биде особено висок. Доколку со вакцинацијата сте под 50%, тоа е навистина алармантно. Мора да се испрати порака до владата дека не смее да се задржи ова, бидејќи во текот на зимата ќе имате уште неколку илјади смртни случаи повеќе, што не треба да биде случај", додава професорот.

Џикиќ вели дека состојбата со економијата или здравствените системи не е пресудна за високата смртност. Вината повеќе ја гледа во степенот на демократија и довербата на граѓаните во власта. Напоменува дека земјите од Источна Европа се покажале меѓу најдобрите во првиот бран на вирусот, а потоа дошло до значаен пад. Ваквиот негативен тренд тој го објаснува со разнишување на довербата на јавноста во властите кои носеле неконзистентни одлуки, наспроти земјите како Португалија и Ирска кои имаат повеќе од 80% вакцинирано население.

„Голема е разликата во зрелоста на граѓаните, а тоа е зрелоста на демократијата. Дали граѓаните ја перципираат својата влада со доверба и дали научните податоци ги перципираат како точни и потоа се однесуваат според тоа. Во несериозни и незрели демократии луѓето едноставно повеќе не ја перципираат својата власт како конзистентна и одговорна. Бидејќи власта покажала дека ги менувала правилата според своите потреби. Многу често политичарите не носеа маски, беа на групни собири... секој избор на политичарите во овој регион беше неверојатен епидемиолошки шок за граѓаните, бидејќи никој, или многу малку, се придржуваа до мерките", додава Џикиќ.

Тој напомена дека според бројките на Светската здравствена организација, во земјите од Источна Европа, од Украина до Македонија и Албанија, каде живее 4% од светското население, оваа недела дошле 20% од сите новозаразени случаи со ковид-19 во светот.

Џикиќ вели дека не е доцна властите да направат промени, граѓаните да постават сериозни прашања и да се преземе заедничка одговорност. Тој потенцира дека Власта мора да носи правилни одлуки, а граѓаните тие одлуки мора да ги прифатат и да се придржуваат според нив.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе