Брифинг во Владата

Ако дојде до зголемување на бројот на случаи ќе се преземат дополнителни мерки

Заедничка обврска е да ја покренеме свеста кај сите, а особено кај неодговорните за да се спречи натамошно ширење на коронавирусот. Треба да им се укаже дека со неодговорност ги загрозуваат сопствените и животите на своите најблиски и на сите други.

Борбата со коронавирусот не треба да се сведе на хајка против никого, туку секој индивидуално да преземе се што може за да помогне, порачуваат од Владата, која денеска донесе заострени мерки за состојбата со коронавирусот.

Оттаму нагласуваат дека тие што биле во странство при враќање во државава се задолжени да бидат во изолација и мора да останат дома, а особено за оне што доаѓаат од ризичните држави. Ако тоа не го почитуваат тогаш ќе следат соодветни мерки. Опасно е ако тие кои се враќат во државата да не ги почитуваат препораките, да кријат од каде доаѓат, да не сакаат да кажат на граничните служби, да не ги пополнат правилно формуларите.

„Ако дојде до зголемување на бројот на случаи ќе се преземат и други дополнителни мерки како што е прогласување кризна состојба, но засега нема потреба од тоа. Состојбата се следи и во моментов најважно е да се спречи натамошното ширење на вирусот“, велат од Владата во коментар на дилемите како ќе се одвива претстојната изборна кампања.

Како што информираа на брифинг со медиумите, најверојатно ќе организираат заедничка средба на политичките субјекти во насока на консултација и ангажман на сите во оваа состојба, но порачуваат дека сега никој не треба да профитира политички.

„Врв на неодговорност е да разговарате со министер за здравство и за еден час да му поднесувате кривична пријава дека го загрозува здравјето на луѓето е политика што сакаат да ја пласираат. Во овие услови на ваква криза секој оној кој ќе калкулира за политика, за политички поени, за сензационализам и за што било на грбот на граѓаните и нивното здравје, некој да гради своја среќа на туѓа несреќа е осудено на пропаст“, истакнуваат од Владата.

Велат дека имаат разработено низа чекори што се разгледуват во Кризниот штаб и во институциите кои се задолжени уште од првиот ден да донеста посебни планови како ќе настапуваат во евентуална кризна состојба. Сега сме во фаза во која што се уште нема потреба од прогласување кризна состојба.

Според надлежните институции, зависно од развојот на ситуацијата може да се покрие потребата за евентуален зголемен број на респираторни машини во болниците, како и дека има доволен број тестови односно од 1.000 што се на располагање, а потрошени се 40.

Точни податоци за бројот на туристи кои се вратиле од Италија се уште нема, но се очекуваат деновиве откако ќе бидат комплетирани со оглед на големиот број туристички агенции преку кои се патува.

Засега нема да се воведат посебни економски мерки и владините економски ресори  се во постојана комуникација со стопанските комори.

„Се прават контроли од надлежните инспекторати и досега нема драстично зголемување на цените. Во државите во регионот се случуваат такви работи, но кај нас нема драстично зголемување на цени, ниту пак поголема паника со потрошувачка во маркетите што не значи дека сега нема да се случи по воведените рестриктивни мерки. Заедно со економските ресори и стопанските комори се следи ситуацијата, ова е глобален проблем, се случува одредена динамика во економијата, но се уште следиме за да излеземе со конкретни мерки. До крајот на неделата ќе има дополнителни проценки“, информираат од Владата.

Во случај да дојде до продолжување на четиринаесетдневното затворање на воспитно образовните институции, од Владата велат дека школската година може да се организира со скратена наставна програма ако има потреба. Сега не се организира само наставата, а наставниот кадар ќе доаѓа на работа само за потпис, одржување состаноци и други тековни работи. Во однос на хигиената имаат јасна препорака дека треба да бидат внимателни.

„Сите вакви околности се регулирани во Законот за основно образование, предвидено е што ако се изгубат над 100 наставни денови, подготвување на скратени наставни програми. Наставата ќе се организира и така на крај ќе се оценат и учениците“, појаснуваат од Владата.

Препораките што беа усвоени на владината седница важат за сите вклучително и за верските заедници со кои исто така се разговара, но, како што истакнуават од Владата, натамошното постапување останува на нив.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе