Состојба со коронавирусот по оштини

Аеродром со најмногу заболени, Прилеп со најмногу починати од ковид-19

Скопската општина Аеродром има најмногу активни случаи на ковид-19 и меѓу скопските општини и во државата, а потоа следуваат Карпош и Центар. Од другите општини во земјата, најмногу заболени во моментов има во Прилеп, па во Кавадарци и во Охрид. Што се однесува до бројот на починати од ковид-19, најмногу смртни случаи има во Прилеп, па во Куманово, а од скопските општини на врвот е Гази Баба, покажуваат податоците кои МКД.мк ги доби од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Бројот на активни случаи заклучно со вчера изнесуваше вкупно 13.909, а на починати 3.403 лица.

Во Скопје најмногу заболени има во Аеродром-1.261, во Центар и Карпош има по 1.017, во Гази Баба 924, во Кисела Вода 880, а во Ѓорче Петров 591. Од општините низ државата Прилеп е во моментов најмногу активни случаи-899, потоа е Кавадарци со 599, Охрид со 491, Куманово со 450 и Неготино со 421 активен случај на ковид-19.

Податоците од ИЈЗ покажуваат дека по општини, на врвот на листата по смртни случаи од ковид-19 е Прилеп со 252 починати, па Куманово со 173, Битола со 144, а во Скопје најмногу починати има во Гази Баба-142.

Во продолжение се податоците за состојбата со ковид-19 во сите општини во државата.

Ж.П.Б.

Објавено

Петок, Март 19, 2021 - 09:44

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе