Аеродром, Карпош и Гази Баба со најмногу активни случаи на ковид-19

Од регистрирани 1.085 нови случаи на Ковид-19 при направени 3.294 тестирања во изминатите 24 часа, најмногу или речиси половина се во Скопје 447.

Според информациите објвени од Министерството за здравство, по бројот на активни случаи по општини најмногу има во Аеродром 788, Карпош со 682 и Гази Баба – 671. Следат Центар – 592, Кисела Вода – 588 и Ѓорче Петров со 388. Над сто активни случаи има и во општините Чаир – 233, Бутел – 227 и Илинден – 101
Во Шуто Оризари се 48, Студеничани – 20, Сарај – 35, Арачиново -9, Сопиште – 40, Чучер Сандево – 24, Петровец –30 и Зелениково -16

Во Скопје досега се регистрирани 13621 случаи на ковид-19, а активни во моментов се 4584.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја, пак, од почетокот на епидемијата изнесува 31.572, бројката на оздравени пациенти е 20.731, на починати е 994, а бројот на активни случаи изнесува 9.847.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе