„Аџибадем Систина“ не е ковид-болница

Согласно новата уредба на Владата, како и почитувајќи ги сите морално-етички и медицински принципи, клиничката болница „Аџибадем Систина“ соопштува дека не овозможува третман на пациенти позитивни на ковид-19, освен пациенти кај кои за време на приемот и подготовката за интервенција е добиен позитивен тест за коронавирус, а истите се во животнозагрозувачка состојба и е потребен итен третман.

Болницата уште од самиот почеток има протокол во кој сите хоспитализирани пациенти се тестираат за коронавирусот со PCR брз тест, и со тоа сме единствени во нашата држава. За време на интервенцијата се почитуваат сите безбедносни протоколи за заштита на персоналот, а потоа пациентите се префрлаат во целосно изолиран и посебно опремен дел за нивен третман, кој се наоѓа во посебно издвоен дел во болницата. Со тоа, болницата на највисоко ниво ги заштитува другите пациенти и персоналот од пренос на вирусот, соопшти клиничката болница „Аџибадем Систина“ и додава дека не прави прием на позитивни пациенти кај кои е потребен третман на болеста ковид-19.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе