„Аџибадем Систина“ ги намали цените на тестовите за ковид-19, ПЦР-тестот сега е 2.700 денари

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ набави нова лабораториска опрема за обработка на тестовите, што услови зголемување на капацитетите за тестирање на над 1.000 тестови дневно и овозможи намалување на цените за тестовите, информираат од болницата.

„Во услови кога бројките на новоинфицирани со ковид-19 секојдневно се зголемуваат и со цел заштита на јавното здравје, ‘Аџибадем Систина‘ продолжува да излегува во пресрет на пациентите и граѓаните преку двојно зголемување на капацитетите за тестирање, продолжување на работното време на пунктовите за тестирање од 8 до 17 часот секој ден (вклучително и викендите) и намалување на цените и времето на добивање на резултатите (истиот ден најдоцна со 24 часот).

Новата цена на ПЦР-тестот за детекција на ковид-19 изнесува 2.700 денари, а болницата нуди и фамилијарен пакет - тестирање на над 3 члена од семејство по цена од 2.500 денари по лице и пакет групно тестирање за компании - над 3 три лица по цена од 2.500 денари по лице.

Серолошкиот тест за утврдување на вкупната концентрација на IgM и IgG антитела во крвта, кој се изведува нa реномираниот имунолошки анализатор на СИМЕНС се врши преку примерок од крв, чини 1.200 денари. Станува збор за ултра сензитивен тест со кој јасно може да се утврди точниот имунолошки статус кај пациентите. Одредувањето на вкупната концентрацијата на имуноглобулини lgM и IgG е од исклучителна важност при одредување на третманот на секој ковид-позитивен пациент индивидуално“, пишува во соопштението од „Аџибадем Систина“.

Болницата нуди и пакет цена која ги вклучува двата теста – ПЦР и серолошки СИМЕНС тест за утврдување на вкупната концентрација на IgM и IgG антитела по цена од 3.800 денари. Двата теста ја даваат целосна слика за здравствениот статус на пациентот, односно дали е носител на вирусот и каков е неговиот имунолошки статус. На овој начин се олеснува мониторирањето на пациентот преку следење на концентрација на антителата, кои, пак, понатаму го одредуваат текот на ковид-третманот на пациентот.

„Аџибадем Систина“ од неодамна прва започна да прави и мултиплекс PCR-тест кој истовремено детектира Ковид-19 и сезонски грип. Цената изнесува 3.000 денари, тестирањето се изведува со земање брис од нос и грло.

За граѓаните кои имаат потреба од брзи резултати достапен е и ургентниот ПЦР-тест по цена од 12.000 денари. За хоспиталните пациенти истиот тест чини 6.000 денари, а резултатите се добиваат за 2 часа.

Оттаму информираат и дека низата тестови за Ковид-19 кои болницата ги нуди се надополнува и со нов брз антиген-тест за детекција на ковид-19 наменет за пациентите кои се примаат на Ургентен центар, а на кои им е потребен понатамошен третман, итна интервенција или хоспитализација. Тестот се изведува преку брис од нос, резултатите се добиваат за 15 минути и чини 1.200 денари.

За корисниците на останатите здравствени услуги кои ги нуди „Аџибадем Систина“, болницата нуди дополнителен попуст на ПЦР-тестот за детекција на коронавирусот, по цена од 2.500 денари. Ваучерот за попуст пациентите ќе можат да го искористат во рок од еден месец.

 

 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе