Адеми задоволен: Просечната оценка на државната матура е 3,47

Резултатите од екстерните испити на Државната матура за учебната 2018/2019 година што се спроведе во период од 1 до 13 јуни денеска ќе бидат достапни на огласните табли на училиштата, како и на интернет страницата matura.gov.mk, информираше министерот за образование и наука Арбер Адеми на прес-конференција во Владата.

„Резултатите се добри и покажуваат напредок во однос на изминатите учебни години, односно учениците кои го полагаат тестот на зрелост покажуваат подобри резултати од минатите генерации. Просечната оценка на постигањата на матурантите за оваа година е 3,47 за разлика од минатата година кога росечната оценка била 3,42. Поединечно и кај повеќето предмети има подобрување во постигањето на учениците во однос на изминатите години, а кај помал дел има намалување или стагнација“, изјави Адеми.

Просечната оценка по предметот македонски јазик и литература оваа година е 3,69, за разлика од минатата кога била 3,66. По албански јазик просечната оценка е 3,85 во однос на минатата година кога изнесувала 3,81. Резултати со благо намалување на просекот покажале учениците кои полагале турски јазик и литература, односно просечната оценка оваа година е 3,73, а минатата 4,18.

За математика постигнувањата се најдобри во последните три години. Годинава просечната оценка е 3,65 во однос на минатата кога изнесувала 3,37.

„И оваа година има зголемување на бројот на кандидатите кои полагале англиски јазик и тоа за 310 ученици повеќе од минатата година, вкупно 14.103 ученици. Од нив 7,35 проценти не го положија испитот, а 6,22 проценти имаат одлична оценка. Просечната оцинка годинава е 3,07, додека минатата година беше 2,91. Кај предметите бизнис, историја и биологија има значително опаѓање, односно средната оценка по бизнис е  3,22 додека лани изнесуваше 3,29. По историја просечната оценка оваа година е 3,51, а лани изнесуваше 3,56. По биологија просечната е 3,67 додека минатата година изнесуваше 3,79“, информира Адеми.

Кандидатите кои се пријавиле за полагање во јунскиот испитен рок, но не положиле, дел или сите испити од државната матура ќе можат повторно да се пријават за полагање во августовскиот испитен рок.

Оваа година Државна матура полагаа 15.553 ученици од кои 7.692 од гимназиско и 7.604 од стручно образование, како и 257 ученици од средно уметничко образование.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе