Адеми: За неколку дена насоки за основните училишта за уписот на првачињата

Министерствата за образование и наука и за здравство за неколку дена ќе излезат со став и насоки за основните училишта во однос на уписот на првачињата со оглед дека со прогласувањето на епидемијата на морбили не се запишуваат невакцинираните деца, информира денеска министерот за образование и наука Арбер Адеми.

„Во постојана комуникација сме со Министерството за здравство. Секое наше решение треба да биде во согласност со уставната одредба дека основното образование е задолжително, но исто така треба да не се доведеме во ситуација да го загрозиме јавното здравство“, изјави министерот за образование Арбер Адеми.

Со оглед дека имало одредена загриженост кај родителите при уписот на нивните деца во основното образование, како што рече Адеми, во наредните денови ќе дадат конкретна и јасна ориентација за сите основни училишта при уписот на првачињата.

„Во наредните денови ќе има заеднички став со Министерството за здравство и ова ќе биде решение“, потенцира министерот Адеми.

 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе