Адеми: Во добар дел од училиштата почна школската година

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска изјави дека не знае во колку училишта се штрајкува, но оти во добар дел новата учебна година почна нормално. Повтори дека нема причина за штрајк и оти Владата работи на подобрување на статусот на наставниците.

„Немам информација во колку училишта се штрајкува зашто уште е рано, но знам дека во добар дел првиот училишен ден се одвива на нормален начин, се организираат приредби и очекувам така и да продолжи“, изјави министерот Адеми кој утрово го посети ОУ „Лазо Ангеловски“ во скопската населба Ново Лисиче за да го означи почетокот на учебната 2019/20 година.

Тој им посака успех на учениците и наставниците во претстојната учебна година, а како и вчера го повтори ставот дека нема потреба и причина за штрајк кога Владата, како што рече, е силно ангажирана да го подобри статусот на наставниците, нагласувајќи дека од август 2018 до овој септември платите на наставниците се зголемени над 10 отсто со двете покачувања од по пет проценти.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе