Адеми: Само на УКИМ има разлика во платите бидејќи тој не е интегриран како останатите

Сите вработени во јавните универзитети добиваат ист износ на партиципација на плата од страна на државата. Разликата е во тоа што скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј" не е интегриран и секоја единица на Универзитетот има сопствени средства кои ги распределува по основ на плата, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми по обвинувањата од Независниот академски синдикат дека има огромни разлики во платите на вработените во јавните универзитети.

„Проверете во ДУТ дали има разлика или на Универзитетот „Гоце Делчев" и Универзитетот на Југоисточна Европа. Земаат иста плата. Разлика во платите има на УКИМ бидејќи не е интегриран универзитет како останатите. Тука факултетите имаат и сопствени приходи и во зависност од овие приходи тие самите одлучуваат да ги распределат по основ на плати, појасни Адеми“, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Протоколот за соработка со Соединетите Американски Држави. 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе