Реакција

Адеми: Пресудата на Управен суд не вели дека градоначалникот Таравари постапил законски

Незаконските дејствија и незаконските разрешувања на директорите на училиштата од страна на градоначалникот на Општина Гостивар утврдени од страна на Просветниот инспекторат и Второстепената комисија не можат да бидат покриени. Пресудата на Управниот суд во ниту еден момент не вели дека градоначалникот на општина Гостивар постапил законски, реагира министерот за образование Арбер Адеми на денешната пресуда од Управниот суд за тужбата која ја поднесе Општина Гостивар поради ингеренциите во образованието кои им ги одзема Министерството за образование и наука.

По одлуката градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари побара оставка од министерот.

„Судот ја уважил тужбата со образложение дека недостасувале дел од списите, односно сите списи не биле доставени, а некои биле нечитливи за судот (иако сите списи биле уредно доставени), па затоа не можел да ја утврди основата на решението за одземање на надлежностите. Врз основа на оваа пресуда, МОН може повторно да донесе исто решение или да поднесе жалба до Вишиот управен суд. Ние се решивме за втората опција и во понеделникот е поднесено жалба со сите списи на предметот, а секако правдата треба да дојде на свое место.

На г-дин Таравари и сите други им е тешко да се обидат да го политизираат и партизираат образованието и да именуваат директори дури и без факултет, како што именуваше пред да му се одземат надлежностите, заради новиот Закон за основно образование и поради постојаните напори да се даде приоритет на професионализмот“, пишува Адеми во реакцијатa.

 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе