МОН за почетокот на учебната година во услови на пандемија

Адеми: Најлесно во вакви случаи е да се определиме за онлајн настава, но преговорите продолжуваат

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми на денешната прес-конференција рече дека се разгледуваат сите аргументи за тоа како најбезбедно и најпродуктивно да започне и да продолжи школската година од септември во услови на пандемија со ковид-19.

„Разгледани се сите аргументи. Вчера за ова прашање и за моделите дискутиравме и на седница на Влада, и се е со цел да се најде најсоодветниот модел . Има три модели. Првиот е организирање на настава со физичко присуство по посебни протоколи, вториот е онлајн настава и третиот е комбиниран начин од двата модели. Во МОН преовладува мислење дека треба да се организира настава со физичко присуство, но пред се треба да се води грижа за епидемиолошката состојба и условите во училиштата. Секаде каде тоа е можно, би требало да се организира ваква настава. Јасен е ставот на МОН, односно дека нема замена за наставата организирана со физичко присуство, но сепак треба да водиме грижа за здравјето на учениците, како и за епидемиолошката состојба", рече министерот Адеми.

Тој посочи дека во училниците мора да има физичка дистанца од најмалку 1,5 метри за секој ученик, како и почитување на протоколите.

„Оние училишта кои се пребукирани, треба да биде комбинирана настава, односно една група една недела да биде со физичко присуство, а во исто време на друга група да и се испратат снимени лекции кои ќе се споделат со оние кои не се на училиште. Ако би се одлучиле за физичко присуство, би се соочиле и со хронично болни деца и со други респираторни болести кои би можеле да ја следат наставата онлајн во реално време. Постојано сме во контакт со Комисијата за заразни болести и со Министерството за здравство. Нашиот ангажман е да се обезбеди најбезбедниот модел, водејќи сметка за здравјето на учениците. Најлесно во вакви случаи е да се определиме за онлајн настава. Би се определиле за онлајн настава само ако немаме друг избор. Консултациите ќе продолжат со сите засегнати страни и во наредните денови", нагласи Адеми.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе