Адеми на средба со претставници на СОНК, професорите и наставниците бараат зголемени плати од 1 јануари

Министерот за образование Арбер Адеми денеска ќе има средба со претставници на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), откако во саботата најави историско покачување на платите во образованието и изрази оптимизам дека нема да дојде до штрајк на наставниците, бидејќи, како што рече, министерството и Владата нудат решенија.

Средбата ќе се одржи во просториите на Министерството за образование, а таа доаѓа откако викендов Адеми најави дека во текот на оваа недела ќе ги покани претставниците на СОНК, кои најавија штајк за 11 ноември.

Советот на СОНК в петокот едногласно донесе одлука дека не го прифаќа предлогот на МОН и Владата за зголемување на платите во дејноста образование и наука за 10 отсто, почнувајќи од април 2020 година. Претседателот на СОНК Јаким Неделков тогаш на прес-конференција рече дека своите интереси ќе ги бранат со штрајк што се предвидува за 11 ноември годинава.

СОНК бара предвиденото зголемување да не почнува од април 2020 година, туку од 1 јануари 2020 година, а исто така предлага и понудените 10 отсто да бидат предмет на договарање, односно, како што рече Неделков, да се понуди поголемо зголемување.

Придружни барања што ќе се достават до МОН, како што најави Неделков, се измени и дополнувања на колективните договори за основно и за средно образование во кои ќе се иницираат регрес за годишен одмор, надоместоци поврзани со превоз на вработените, прекувремените наставни часови кои досега воопшто не се исплаќале, ревидирање на плаќањето во комбинирана настава… Неделков смета дека е итно барањето за изготвување и потпишување на колективен договор за високо образование и наука кој би бил со период на имплементација од 1 јануари следната година.

Адеми, пак, во саботата изрази оптимизам дека до штрајк нема да дојде и нагласи дека досега на два пати се веќе зголемени платите и оти било понудено десетпроцентно зголемување на платите во април.

„Следната недела сигурно дека ќе има покана и од наша страна да седнеме заедно, имајќи ги предвид сите параметри и за други реформски процеси за кои има финансиски импликации, верувам дека ќе најдеме начин и решение за следното покачување на платите“, рече Адеми во саботата, додавајќи дека нема пазарење туку има конструктивен дијалог и разгледување на сите параметри.

Според него, нема причина ниту, пак, потреба за организирање на штрајк најавувајќи, како што вели, историско покачување на платите во образованието.

Премиерот Зоран Заев викендов во врска со најавениот штрајк во образованието на СОНК, рече дека е лесно да се организира штрајк, но оти верува дека ќе се изнајде решение. Ќе направиме се, додаде тој, да постигнеме договор со СОНК.

„Ние како Влада за 2,5 години веќе два пати ги зголемивме платите. Во 2018 пет отсто, 2019 за пет отсто, кумулативно ако пресметувате доаѓа некаде околу 11 отсто. Понудивме некои решенија од мартовската плата која ќе се исплати за април и тоа е сериозно решение. Сите сакаме тоа до 100, 200 отсто да го зголемиме, но капацитетите мора да бидат разбирливи за сите во државата. Јас апелирам да разговарам да ги гледаме сите детали“, рече Заев.

Во основните и средните училишта оваа година наставата почна еден ден подоцна, поради предупредувачкиот штрајк на наставници членови на СОНК и тие што солидаризираа со нив. Штрајкувачите на првиот училишен ден беа на работа без обврски, а оние кои не се приклучија кон штрајкот одржуваа настава. 

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе