Адеми: На маса се опциите и за пролонгирање, и за укинување на државната матура

Министерот за образвание и наука Арбер Адеми рече дека на маса има опции и за пролонгирање и за укинување на државната матура за оваа учебна година, дека анализи се прават и секоја одлука што ќе се донесе ќе биде мотивирана од најдобриот интерес за учениците.

Одговарајќи на прашање дали ќе прифатат иницијатива и петиција од средношколци државната матура оваа година да е се полага, тој одговори дека на повеќе наврати систакнале дека ја  следат ситуацијата и околностите.

„Така што, сите опции се на маса. Се дискутира и опцијата за пролонгирање на државната матура, но и за опцијата за укинување на државната матура. Нема простор за загриженост, бидејќи секоја наша одлука која ќе ја донесеме ќе биде  во насока и мотивирана од најдобриот интерес на нашите ученици и никој нема да биде оштетен.Но, секако, треба да се направат и дополнителни анализи за сите предизвици со кои се соочуваме и за прашањето на државната матура. Ќе одлучиме водени од најдобриот интерес на нашите средношколци“, рече министерот Адеми.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе