Министерство за образование и наука

Адеми: Лажна вест е дека училиштата ќе се отворат на 18 мај

Лажна вест е дека ќе се продолжи школската година која беше прекината поради пандемијата со коронавирус, објави министерот за образование Арбер Адеми.

Откако на социјалните мрежи почна да се споделува наводно донесена уредба од Министерството за образование и наука со која е донесена одлука за продолжување на учебната година и дека учениците ќе се вратат во клупите од 18 мај, министерот Адеми го сподели лажниот документ, прецртан со црвена боја и напиша : Лажна вест.

Демант пристигна и од надлежното министерство.

„Министерството за образование и наука ја демантира информацијата која денес е објавена во дел од медиумите за наводно усвоена Уредба од страна на Владата со која основните и средните училишта продолжуваат со работа од 18 мај 2020 година.

Информираме дека се работи за лажна информација и документ кој воопшто не е подготвен од страна на МОН и усвоен од Владата. Оваа тема не била предмет на дискусија на владините седници во изминатите денови.

За сите одлуки кои институциите на системот координирано ги носат за време на вонредната состојба, јавноста е секогаш навремено информирана од страна на службите задолжени за односи со јавност.

Апелираме да не се креираат и шират лажни вести, бидејќи тоа не оди во прилог на заедничката заложба за справување со актуелната состојба и создава дополнителна вознемиреност кај граѓаните во овој исклучително тежок период за сите нас", се вели во соопштението.

Според лажната уредба која што се споделува на социјалните мрежи, учениците треба да се вратат на училиште откако ќе се обезбедат сите услови за настава, во три смени, а часовите би се скратиле од 45 на 30 минути.

 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе